Лорер: Бугарија и Македонија ќе преговараат за укинување на роамингот

од Nikola Popovski
308 прегледи

Бугарскиот министер за иновации и развој Даниел Лорер смета дека е срамота што досега биле потребни четири до пет часа за да се дојде од Скопје до Софија и обратно.

-Затоа и транспортот и економијата треба да се движат паралелно, како и историјата. Нашиот фокус денес беше да откриеме како институциите подобро да соработуваат. Бев пријатно изненаден од вицепремиерот Битиќи, кој настојува такви односи да се развиваат меѓу двете страни. Технологијата, индустријата и економијата не познаваат граници, рече Лорер во интервју за Канал 5 ТВ.

Според него, на денешниот прв состанок на Работната група за економија, трговија и иновации се разговарало за механизмот за транспарентност на инвестициите.

Лорер најави и дека двете земји ќе го отворат и прашањето за укинување на роамингот.

-Јас не сум во тие групи, но тоа е нешто што мислам дека треба да се случи, рече министерот за иновации и развој.

Слични содржини