Лорер: Темата околу С. Македонија е „најубавата гума за џвакање“ во Бугарија

од Nikola Popovski

„Слави Трифонов создаде феномен во шоу-бизнисот и разочарување во политиката. Сега доаѓа предвидениот крај на „Има таков народ, вели бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер.

„Верувам дека во Бугарскиот парламент, и во коалицијата и во поранешната коалиција, како и во опозицијата, има пратеници кои одговараат пред своите избирачи. Се надевам дека овие луѓе ќе имаат храброст да кажат при гласањето: „Многу се извинуваме, но фрлањето на земјата во хаос е злосторство“, рекол Лорер.

За ставот на тамошниот претседател Румен Радев за политичката ситуација во земјата, Лорер смета дека претседателството претпочита да ги повторува тезите на опозицијата.

„Претседателот треба да знае дека парламентот не е продавница. Единственото нешто што е важно е совеста“, истакнал Лорер.

Темата околу прашањето за Македонија, министерот ја опишал како „најубавата гума за џвакање во целата земја“.

„Европа за прв пат застана на страната на еден од преговарачите и вели дека позицијата на Бугарија е правилна и дека ЕУ ќе стане гарант“, додаде Лорер.

Слични содржини