Лос Анџелес Лејкерс продадени за дури 10 милијарди долари

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Семејството Бас ги продадоа Лос Анџелес Лејкерс за неверојатни 10 милијарди долари, објави НБА инсајдерот Шамс Чарнија.

Новиот сопственик на Лејкерс е Марк Волтон, кој купи 66 проценти од акциите за 10 милијарди долари.

Лејкерс се во сопственост на семејството Бас од 1979 година, кога Џери Бас плати 67,5 милиони долари за познатиот клуб.

Џек Кент Кук му ги продаде на Бас не само Лејкерс, туку и хокеарскиот тим на Лос Анџелес Кингс, кошаркарската арена Форум и 52 квадратни километри земјиште во Невада.

За споредба, најголемите ривали на Лејкерс, Бостон Селтикс, неодамна беа продадени за „само“ 6,1 милијарда долари.

Слични содржини