Лоша среќа, грешка или …? Лашет му откри на целиот свет за кого гласаше

од Берта Китинска
358 прегледи

Армин Лашет, кандидатот за германски канцелар на коалицијата ЦДУ / ЦСУ, прекрши едно од основните правила при гласањето на избирачкото место, покажувајќи, можеби ненамерно за кога гласал.

Лашет, се разбира, гласаше за себе, и целиот свет сега е запознаен со тоа, бидејќи  превитканото  ливче ставајќи го во гласачката кутија беше сврено токму  на страната каде тој го има дадено ствојот глас и со тоа ја наруши тајноста.

Оваа постапка беше осудена од германските медиуми.

Да потсетиме, денеска се одржуваат избори за новото свикување на Бундестагот и наследник на Ангела Меркел на функцијата канцелар на оваа земја. Гласачките места беа отворени во 8 часот наутро во 299 изборни единици. Гласањето ќе трае до 18 часот. Право на глас имаат 60,4 милиони германски граѓани во 299 изборни единици.

Според последните анкети пред изборите, социјалдемократите на СПД можат да сметаат на 25 до 26 проценти од гласовите, ЦДУ / ЦСУ на 22 до 25 проценти. На третото место беа Зелените со 16 до 17 проценти. По либералите следуваат ФДП со 10,5 до 12 проценти, АфД со 10 проценти и Левица со 5 до 6 проценти од гласовите.

Слични содржини