287
Играчот од средниот ред на Барселона, Педри најверојатно нема да игра повторно до крајот на сезоната. 19-годишниот талент се повреди во поразот со 2:3 од Ајнтрахт (Франкфурт) во Лигата на Европа. Според новинарот Чави Кампос, Педри има скинат мускул и нема наскоро да закрепне.
„Мундо Депортиво“ ја потврдува сериозноста на повредата на играчот од средниот ред. Според изданието, првичните прегледи направени за членот на шпанската репрезентација не влеваат оптимизам.
„Ме загрижува ситуацијата со Педри, но да почекаме. Во секој случај, ова е многу лоша вест“, ја прокоментира ситуацијата тренерот на Барса, Чави Ернандез.
Педри има 12 натпревари и 3 гола оваа сезона во Ла Лига. Во последните недели тој беше еден од најдобрите играчи на Каталонците.