ЛОША ВЕСТ ЗА ЧОЛО СИМЕОНЕ: Суарез паузира 3 недели поради повреда!

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез повреди мускул на левата нога, соопшти денеска неговиот клуб.

Уругвајскиот напаѓач се повреди на тренинг, а според шпанските медиуми ќе паузира три недели.

Атлетико е на првото место на табелата во шпанскиот шампионат со 66 бода, еден бод повеќе од второпласираната Барселона и три повеќе од третопласираниот Реал Мадрид.

Во оваа сезона на шпанската Примера, 34-годишниот напаѓач постигна 19 голови.

Слични содржини