Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука дека ќе има нови цени на сите видови на горива. Од 17.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,765 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 45,765 ден/кг.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек:за 2,663 отсто, кај дизелот за 0,726 и кај мазутот за 0,145 отсто, додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,975 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,1387 отсто.