Лоши односи со Меси? Роналдо одговара на прашање кое го интересира целиот фудбалски свет

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо на теренот доминира во фудбалот во последниве години, а двајцата напаѓачи ги запишаа своите имиња во историјата на кралскиот спорт преку рекорди, титули и признанија. Сепак, нивниот однос надвор од теренот отсекогаш будел голема љубопитност.

Во најавениот извадок од интервјуто со Еду Агире „Los Amigos de Edu“ што ќе се емитува следниот понеделник, португалскиот интернационалец беше директно запрашан дали некогаш имал лоши односи со аргентинската ѕвезда, на што тој без двоумење одговори.

„Никогаш не сум имал лоши односи со Меси, напротив“, дециден е тој.

Напаѓачот на Ал-Наср беше прашан и дали ќе ги видиме повторно бројките како на Меси и Роналдо со оглед на нивните импресивни и тешки достигнувања.

„Се надевам дека ќе видиме, тоа би било многу добро за фудбалот… но мислам дека е тешко“, додаде Кристијано.

Иако веќе не играат во Европа, Роналдо и Меси важат за синоним за фудбалската игра. Роналдо сега е играч на Ал-Наср, додека Меси го носи дресот на Интер Мајами.

Слични содржини