29
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Нусер Мазрауи ќе биде надвор од терените два месеци поради проблеми со срцето, пренесуваат островските медиуми.
На Мароканецот му беше дијагностицирана срцева аритмија и затоа ги прескокнува репрезентативните акции, но го чека и многу подолга пауза.
Некои медиуми јавуваат дека го чека хируршка процедура.
Извесно е дека во наредниот период ќе биде под посебен режим за целосно да се реши неговиот проблем. Дури потоа ќе се врати на теренот.
Мазрауи, роден 1997 година во Холандија, пристигна во Јунајтед минатото лето. Веднаш се етаблираше во тимот на Ерик тен Хаг, со кој соработуваше и во Ајакс, каде што израсна.
Во меѓувреме две години беше член на Баерн Минхен.