Торински Јувентус синоќа го совлада Сасуоло со резултат 3: 1 во претпоследниот натпревар од 17-то коло во Серија А, но се соочи со огромни проблеми за време на мечот… Цената на таа победа би можела да биде прескапа!
Поради повреди, Вестон Мекени и Пауло Дибала мораа да бидат надвор од игра во првото полувреме, а во финишот од тој дел за малку ќе им се придружи и младиот Италијанец Федерико Киеза.
Денес пристигна „ажурирање“ од таборот „бјанко-неро“ во врска со здравствената состојба на споменатите тројца. И додека повредите на Американецот и Италијанецот не се сериозни и ќе се следат на дневна основа, веста за аргентинскиот ас не е добра – тој сигурно ќе паузира најмалку 15-20 дена!
Дибала, пред сè, ќе го пропушти италијанското Дерби против Интер, кое ќе се игра следниот викенд на шампионатот, но и Суперкупот на Италија против Наполи, закажан за 20 јануари.