Лоши вести: Лазаров го пропушта Европското првенство

од Nikola Popovski
322 прегледи

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А, информираа од Ракометната федерација на Македонија (РФМ)

Според информациите од РФМ, десниот бек се повредил во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг.

-По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели.

Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч, соопштија од РФМ.

Слични содржини