Лоши вести од Италија, Рајола завршил на интезивна нега

од Vladimir Zorba

Лоши вести од Италија. Иако се најавуваше дека се работи за рутински преглед поради кој еден од најпознатите фудбалски агенти во светот, Мино Рајола заврши во болница, се чини дека работите се искомплицираа.

Тој беше примен во миланската болница „Сан Рафаеле“, но ситуацијата се влоши, се работи за белодробното крило и сега е префрлен на интензивна нега.

„Билд“ тврди дека Рајола е во тешка состојба, дека сосема неочекувано настанале компликации, иако тоа било рутинска работа и дека сега постои страв дека состојбата може да му се влоши.

Рајола има 54 години, агент е на многу од најдобрите светски фудбалери, а прв трансфер му беше носењето на Арон Винтер во Италија на почетокот на 1990-тите. Тој ги застапува и Ибрахимовиќ, Погба, Донарума, Делихт, Холанд, претходно беше менаџер на Недвед, Бергкамп, Робињо, Лукаку …

Тој е Италијанец од Салерно, но пораснал во Холандија, каде што неговиот татко имал пицерија и каде доаѓале играчите на Ајакс. Таму го запознал Арон Винтер кого го однел во Лацио …

Слични содржини