208
Тренерот на Барселона, Роналд Куман е суспендиран на два натпревари без да го води тимот, поради исклучувањето во вчерашниот пораз од 2-1 против Гранада, пренесуваат шпанските медиуми.
Судијата му покажа директен црвен картон во 66 минута од натпреварот по неговите постојани коментари на судиските одлуки и приговорите кон четвртиот судија на натпреварот.
Затоа, Куман нема да може да седне на клупата на Барселона во следните два меча што може да дадат одговор на прашањето кој ќе ја освои титулата во Шпанија.
Првиот натпревар е закажан за оваа недела, кога Барселона гостува кај Валенсија на „Местаља“, додека вториот натпревар е закажан за сабота, на 8 мај. Тогаш им гостува сегашниот првопласиран тим на шпанскиот шампионат, Атлетико Мадрид.