Лоши вести за љубителите на кошарката

од Vladimir Zorba

Одржана е средба на челниците на Евролигата со капитените на екипите кои учествуваат во елитното натпреварување, а кошаркарите гласаа против продолжување на сезоната. Конечниот исход ќе биде познат во понеделник, кога капитените на 11 екипи со лиценца „А“ ќе гласаат за судбината на Евролигата.

Се приближуваме до денот на одлуката за продолжување на сезоната во Евролигата и Еврокупот, а според последните информации, повеќето играчи сакаат сезоната да заврши.

Денеска се одржа состанок на челниците на натпреварот и на капитените на сите екипи кои учествуваат во Евролигата, а добро информираните „Спортандо“ и „Еврохупс“ најавија дека на играчите не им се враќа на теренот во блиска иднина.

Наводно, кошаркарите се плашат дека би можеле да бидат заразени со коронавирусот, но исто така се плашат од повреди, бидејќи поради пандемијата, голем број од нив не тренирале два месеци.

Сепак, конечната одлука ќе биде позната во понеделник, кога претставниците на 11 клуба со лиценца „А“ треба да гласаат дали сезоната ќе продолжи, а ќе одлучи просто мнозинство, односно шест гласа.

Во случај клубовите да решат да ја продолжат сезоната, крајот на натпреварувањето би се случило во еден град во периодот од 4 до 26 јули, а меѓу најсериозните кандидати за организација е главниот град на Србија, Белград.

Слични содржини