Лоши вести за Попович и Спарси

од Nikola Popovski
210 прегледи

Кон крајот на минатата година, кошаркарскиот свет беше шокиран од веста дека легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, доживеал мозочен удар.

Сепак, позитивна вест беше дека тој се опоравува, но како што тврди новинарот Шамс Чаранија, неизвесно е кога би можел да се врати на клупата на славниот тим.

– Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, не се очекува да се врати оваа сезона, а неговата иднина е неизвесна бидејќи се опоравува од благиот мозочен удар што го доживеа во ноември, велат извори од лигата за „ESPN“.

Грег Попович го предводи тимот од Тексас веќе 29 години, а со нив пет пати ја освојуваше шампионската титула во НБА.

Тој воедно е и член на Куќата на славните.

Слични содржини