Лошо расположение во чекалната на ЕУ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Дали европската перспектива на балканските земји по Брегзитот стана понеизвесна или токму британското „не‟ ги зголемува нивните шанси да и се приклучат на Европската унија, макар како некакви „Б-членки‟ на Унијата? санкции

Новата состојба со себе носи ризици, но можеби и шанса.

Поради конфликтот на југот и истокот, геополитичкото значење на балканските земји е зголемено. Војните и распадите на земјите доведоа до бегалски бран кон северна Европа, а тие движења без балканските земји не би можеле да бидат регулирани. Тие станаа чувари на европските врати.

Во судирот на Западот и Русија, земјите како Србија, Босна и Македонија се позиционираа некако во средина, но сепак посебно се подложни на руското влијание. Медиумите во Србија повеќе не преземаат само емисии од западните медиуми како што се Радио Слободна Европа, туку и емисии од Радио Спутник, со јасни руски позиции.

Западните балкански земји се опкружени со членките на ЕУ и НАТО. Меѓутоа, без приклучување на ЕУ, тие се отворени за руската и турската мека моќ.

Како понатаму?

Најверојатното сценарио е дека ветувањето за членство останува мртва буква на хартија. Европската унија истовремено ги поддржува тие политичари кои наводно одговорно се однесуваат, т.е. го унапредуваат помирувањето, соработуваат кога станува збор за политиката кон бегалците и кои се држат подалеку од Москва.

На тие политичари им се простува тоа што не се заинтересирани за либералната политика, туку попрво ја следат демократијата, која целно се насочува. Важно е геополитичката ориентација да се вклопува во сликата. Трендот на развојот оди во тој правец.

Во друг случај, кризата во ЕУ води до нови можности на диференцирање на членството: освен полноправно членство, постои и членство во кое мора да се исполнат само дел од обврските и кое има помалку привилегии.

Бидејќи Б-членството на балканските земји внатре во ЕУ предизвикува помалку отпор и бидејќи пристапните пречки се се поголеми, дојде до нова динамика во процесот на интеграциите. За економскиот раст и политичкиот развој, такво сценарио претставува шанса.

Со својата етничка разновидност и слабите држави, на регионот му треба заеднички европски покрив со цел да се зачува мирот.

Ное Цирихен Цајтинг – Цирих