Лиам Лосон е под сериозна закана да го загуби местото во Ред Бул по само два старта оваа сезона. Според информациите на motorsport.com, раководството на тимот ја разгледува можноста да го замени со Јуки Цунода за претстојното Јапонско ГП.
Новозеланѓанецот катастрофално ја започна кампањата, почнувајќи од дното на колоната и во Австралија и во Кина и се уште нема бодови. Во исто време, неговиот тимски колега Макс Верстапен има 36 поени.
Покрај тоа, Лосон заостанува не само зад Холанѓанецот, туку и зад пилотите на сателитскиот тим Рејсинг Булс – Јуки Цунода и дебитантот Исак Хајар. Затоа Ред Бул сериозно размислува дали да го врати Јапонецот во главниот тим за неговата домашна трка во Сузука. Одлуката се уште не е конечна, но се очекува да биде донесена во наредните денови.
Интересно, Лосон беше префериран пред Цунода како тимски колега на Верстапен, иако Јапонецот има многу повеќе искуство. Досега, сепак, овој избор не ги оправда очекувањата, а Лосон сериозно заостанува зад Серхио Перез, кого требаше да го замени.
Доколку Ред Бул ја направи оваа промена, тоа ќе стане најраното менување во возачките редови во историјата на тимот. Досега овој рекорд припаѓаше на размената меѓу Даниил Квјат и Верстапен во 2016 година, која се случи по четири трки. Сепак, дотогаш Русинот веќе имаше цела сезона зад себе во главниот тим, додека Лосон доби само две шанси, кои не успеа да ги искористи.