332
Влатко Лозановски на фестивалот MAC освои награда за најдобра поп-фолк нумера за песната „Мајко“.
Водителите на манифестацијата го најавија како пејач од Северна Македонија, но при подигнувањето на наградата, Лозановски ги поправи велејќи им: „Тоа е Македонија, а не со тој додаток.“
Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.
Влатко им се заблагодари на сите што гласаа за него.