ЛП: Екстерно тестирање – екстремно експериментирање, потребни се измени со кои оценките од тестирањето нема да влијаат на просечниот успех

од Vladimir Zorba

„И оваа учебна 2015/16 се спроведува екстерното оценување, како напорен и излишен проект на МОН. Впрочем, и претходниот министер Адеми истакна дека екстерното тестирање мора да претрпи промени. Тој најави дека промените на концептот се во тек, но ништо од тоа не се реализираше и се остана по старо.

liberalna partija lp

Додека „големите партии” се занимаваат со „висока” политика, Либералната партија предлага одговорните политичари да се посветат на решавање на вистинските прашања. Едно од нив е спречување на последиците од стресот врз учениците, родителите и наставниот кадар.

Две ургентни мерки се:

– Оценките од ова екстерно нерелевантно оценување да не се внесуваат во свидетелствата за оваа учебна година. Така средниот успех на учениците нема да биде оштетен;

– Задолжително да се изземат децата со посебни образовни потреби од екстерното оценување за оваа година зашто тие работат со посебни образовни програми, а полагаат екстерно по програма како и сите останати ученици.

Повторуваме дека екстерното оценување е насилно наметнато и сметаме дека неполнолетни ученици без согласност од нивнте родители не би смеело да бидат принудувани да го реализираат. Евентуално може да полагаат само оние кои писмено се согласуваат со истиот се додека не се направи поинаков правилен начин на проверка кој нема да ги казнува и оштетува учениците ни наставниците.

Тековната политичка криза ги потисна вистинските прашања од интерес на граѓаните. Да се погрижиме сегашните политички непромислености да не остават психолошки последици врз идните генерации“, стои во соопштението на Либералната партија.

Слични содржини