ЛП: Иванов да не се поставува како диктатор, туку неодложно да го даде мандатот на Заев

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Либералната партија денеска го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, неодложно да го даде мандатот на Зоран Заев, како утврден претставник на дефинирано парламентарно мнозинство.

Од партијата велат дека политичкиот процес мора да продолжи дури и ако Иванов и понатаму не го дава мандатот.

„Не давајќи го мандатот за формирање влада, Иванов овозможува владеење на влада која ниту има мандат ниту има парламентарно мнозинство. Не давајќи мандат на дефинираното парламентарно мнозинство, тој се поставува како диктатор кој лично владее наспроти Уставот и ја оневозможува парламентарната демократија. Токму затоа, ако во рокот од предвидените десет дена Иванов не го даде мандатот, парламентарното мнозинство треба да избере влада без понатамошна соработка со Иванов“, стои во соопштението на Либералната партија./META