Л’Поан: Станува ли Косово балкански Моленбек?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Саудиска Арабија сака да ја претвори самопрогласената држава Косово во Моленбек на Балканот, пишува францускиот весник Л’Поан. Колумнистот Мишел Коломес обработувајќи го овој текст се повикува на податоците кои претходно ги објавил Њујорк тајмс, и приказнзата се отвора не сулучајно сега , како поседица на новите односи на САД и Саудиска Арабија. Од текстот се заклучува дека кога се увидоа грешките на релација САД, призназвање Косово, продор на Саудиска Арабија , сега треба и да се каже и  вистината.

4159198lpw-4164184-article-photospourbase-jpg_3575553_660x281

Во споменатиот американски материјал се анализира зошто на Блискиот Исток од Косово пристигнуваат најмногу обучени џихадисти.  Косово се опишува како мала држава настаната по распадот на Југославија и како место каде Саудиска Арабија испраќа многу пари, но и свои проповедници. Весникот напоменува дека Косово затоа се претворило во регрутен центар на Исламска држава.

Доказите кои ги претставува Њујорк тајмс се добиени со опсежна анализа и истражување. Парите од Саудиска Арабија „помогнале“ населението, кое до почетокот на 2000-тите главно му припаѓало на умерениот ислам, масовно да се сврти кон вахабистите, проповедници на многу остра и радикална струја на исламот.

Саудијците не штеделе при овој потфат, па така поканувале десетици студенти да го изучуваат исламот на универзитетите на богатото кралство. Освен ова, на Косово се изградени и 240 џамии, што е за третина повеќе од бројот на муслиманските верски храмови во претходниот период, а испратени се и имами за да го проповедаат „вистинскиот“ ислам.

целиот текст тука