ЛШ: Барса извлече реми во Лондон, Баерн му даде 5 на Бешикташ

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Челзи и Барселона одиграа возбудливо реми 1:1 во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампиони.

Првото полувреме помина во еден здив одкако „сините“ имаа повеќе чисти шанси за гол, иако речиси не играа со топката. На два пати ударите на Вилиан едвај не ги откорнаа гредите, а еден удар на Еден Азар премина опасно близу до гредата.

Од своја страна Барселона имаше превласт, но не создаде 100% чиста шанса. По малку повеќе од еден час игра среќата конечно му се насмевна на Вили и со одличен удар по земја тој го отвори резултатот. Во 75-тата минута, сепак Лео Меси израмни по грешка во одбраната на Челзи.

Така аргентинскиот гениј за првпат го казни Челзи по вкупно девет натпревари и стави крај на второ проклетство во сезоната, откако до го немаше совлада голманот бр.1 на планетата, Џанлуиџи Буфон.

До крајот не падна нов гол и сè ќе се реши на реваншот на „Камп Ноу“ на 14 март, откако Барса изгледа фаворит за продолжување напред.

За одбележување е дека Шпанците веќе немаат победа над овој противник во осум последователни средби на турнирот на богатите, од кои три загубија.

Баерн Минхен пак практично се пласира во следната фаза, откако го уништи Бешикташ со 5:0 во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампиони, одигран на „Алијанц Арена“.

Двата тима одиграа исклучително спектакуларно прво полувреме во кое се менуваа шанси пред двата шеснаесетници. Клучниот момент се случи четвртина час по почетокот, кога Вида го сопна Левандовски, кој остана сам против голманот и беше избркан. Кратко пред паузата, Томас Милер постигна типичен гол за него, откако се најде на вистинското место.

Баерн го зголеми темпото и одигра многу силен втор дел во кој целосно го совлада својот уморен противник. Коман удвои, Милер го постигна својот втор гол, а Роберт Левандовски се пријави со два гола пр крајот.

Победата беше 23-та од 24 натпревари на сите турнири под водство на Јупе Хајнкес оваа сезона.

Слични содржини