Ливерпул е единствениот тим во Лигата на шампионите досега кој има перфектен настап и обезбеди едно од осумте најдобри места, што гарантира директен премин во осминафиналето.
Во последното коло ќе играат на гости кај ПСВ Ајндховен, а тренерот Арне Слот одлучил воопшто да не ги носи своите најдобри играчи во Холандија.
За „црвените“ нема да играат: капитенот Вирџил Ван Дaјк, Мохамед Салах, голманот Алисон Бекер, Конате, Александер-Арнолд, Гравенберх, Мекалистер, Луис Дијаз и Шобошлај.
Една од причините е преполниот распоред во Премиер лигата. Ливерпул викендов го очекува тешко гостување кај Бурнмаут, а три дена подоцна ќе игра и против градскиот ривал Евертон.
Моментално се први на табелата во Англија со шест бода повеќе и натпревар помалку пред првопласираниот Арсенал.