150
Комесарот на украинската Врховна рада за човекови права Димитро Лубинец денеска изјави дека Русите користат детски труд и милитаризираат малолетници на привремено заземените територии на Украина.
„За жал, Украина нема пристап до привремено окупираните територии, така што ни е ускратена можноста да ја следиме заштитата на правата на децата во тие делови од земјата. Милиони Украинци, вклучително и стотици илјади деца, остануваат надвор од правната заштита на нашата земја“, напиша Лубинец на каналот на Телеграм, по повод Светскиот ден против детскиот труд, пренесува „Укринформ“.
На Светскиот ден против детскиот труд, тој апелираше до светот да ги осуди постапките на Русија кои ги кршат нормите на меѓународното право.