Деновиве често може да се слушне од Франција дека sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, сака да го напушти клубот бидејќи доаѓа друга, поголема sвезда од него, Лионел Меси, па јасно е дека, Мбапе, кој инаку е играч кој често влегува во конфликти со соиграчите, се чувствувал загрозен бидејќи повеќе нема да биде прва sвезда на тимот.
Сепак, првиот човек на Париз, арапскиот сопственик Насер Ал-Келаифи, тврди дека ова нема да се случи ова лето.
– Мбапе е играч на ПСЖ. Тој рече дека не сака да си замине, што значи дека останува, рече Ал-Келаифи.
Не е тајна дека ПСЖ има навика да чува играчи како Единсон Кавани и Тиаго Силва до крајот на договорот, а последната sвезда што го напушти тимот без да биде продаден беше Бразилецот Роналдињо.