Љубовен хороскоп од 17 до 23 октомври

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Оваа недела ќе биде многу романтична и позитивна во однос на љубовта. Ова ќе се должи на поволното влијание и движење на Венера. ed719c49578d6aa4ff5287455d37f234

Овен
За неврзаните претставници на зодијачкиот знак е подобро да останат отворени за нови и интересни можности. Постои веројатност да сретнете интересна личност на некое патување или состанокот да се случи на неочекувано за вас место. Тој или таа може и да се од друга националност.

Друга можност е да започнете необврзувачка сексуална врска со човек кој ќе ви го привлече вниманието и со своите интереси. Ако сте врзани испланирајте романтично патување со саканиот/ата.

Бик
Добра вест за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Вашата партнерка ќе ја подобри својата финансиска состојба. Ова ќе биде и прилика да славите. Друга можност е двајцата да направите заедничка инвестиција за која нема да жалите. Ѕвездите ве канат да обрнете повеќе внимание на романтиката.

Близнаци
Хармонија во љубовта за Близнаците. Во вторникот Венера ќе се придвижи во вашиот сектор на партнерство, каде што ќе остане до 11 ноември. Во тоа време ќе се радувате меѓусебно на посебен третман со партнерот.

Всушност може да се заљубите повторно еден во друг. Ако се наоѓате во необврзувачка врска, вашата врска може да се претвори во нешто поголемо. Некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак е можно да го направат следниот чекор како свршувачка или семеен соживот.

Рак
Бурна љубовна недела претстои за родените во знакот Рак. Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе можат да избираат меѓу тоа да уживаат во страста или да создадат конфликти меѓу себе.

Марс и Плутон ќе се судираат во вашиот сектор на партнерство во средата. Како резултат на тоа е можно да уживаат во страста или од нешто незначително да направите голем конфликт.

ed9aa3ebf7ec8da01b117a7279c472f1Лав
По вторникот може да уживате на повеќе романтика. Венера ќе се пресели во вашиот сектор на љубовта и ќе се задржи таму до 11 ноември. Ако сте необврзани, ова ќе ви помогне да се судрите со некоја нова интересна личност. Бидете отворени за нови искуства, ќе бидете пријатно изненадени.

Девица
Во ситуација на спор со саканата може да се види неговата не толку добра страна. Конфликтот меѓу вас може да биде експлозивен. Затоа оваа недела не разговарајте за важни прашања. Марс и Плутон ќе влијаат позитивно на сексуалната желба. Искористете ја.

Вага
Венера ќе помогне комуникацијата помеѓу вас и вашата сакана да се подобри. Можно е да поразговарате за вашата врска или општите финансии. Разговорите ќе бидат спокојни и хармонични. Сепак обидете се да дадете повеќе личен простор на партнерот. Оваа мала промена ќе влијае позитивно на вашата врска.

Скорпија
Моќта на зборовите може да биде застрашувачка и тие да имаат негативен ефект врз љубовта. Внимавајте за тонот, со кој разговарате. Во саботата Сонцето ќе влезе во вашиот знак. Ова ќе помогне да се врати повторно хармонијата во врската.c1faaa4f1f4da297a53e3d6482a0b84c

Стрелец
Во вторникот Венера ќе влезе во вашиот знак и така ќе се задржи до средината на ноември. Тоа ќе ви донесе многу позитивни емоции на вас и партнерот. Како резултат на тоа ќе можете да искористите повеќе од вашиот магнетизам, убавина и добро расположение. Ако сте неврзани, не го пропуштајте овој период. Ќе имате можност да остварите ново и интересно партнерство.

Јарец
Вашиот сексуален магнетизам ќе биде непобитен оваа недела. Марс, планетата на либидото, во моментов е во вашиот знак и ќе ви ја зголеми желбата за секс, а исто така и атрактивноста. Како резултат на тоа ќе се радувате на интензивна сексуална енергија. Ако сте обврзани сигурно ќе оставите впечаток на вашата сакана.

Водолија
Венера, планетата на љубовта, ќе се пресели во вашиот сектор на пријателството и ќе се задржи таму до средината на ноември. Како резултат на тоа романтичниот потенцијал ќе биде многу поголем и ако немате партнер до себе, тоа може да се промени.

Затоа не откажувајте покани за забави и интересни социјални настани. Врзаните претставници на зодијачкиот знак можат да се оддадат на повеќе романтика.

Риби
Партнерот може да влијае и тоа позитивно врз вашата кариера. Друга можност е да бидете привлечени од некој во вашата околина кој е со силни позиции. Овој човек може да има интерес за вас. Затоа не пропуштајте ги знаците кои ќе ви ги даде. Вие исто така бидете повеќе активни.