На љубовен план нè очекува една релативно мирна недела. Нема да недостасуваат несогласувања, но ќе се радуваме и на романтика. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Внатрешна иритација може да ја загрози страста во вашата врска оваа недела. Можно е спорот да е предизвикан од роднина или да е поврзан со друга семејна ситуација. Внимавајте што зборувате, зашто зборовите можат да ви побегнат побрзо отколку што очекувате. Единствено што може да направите е да ги контролирате емоциите, додека се разјаснат околностите.
Бик
Социјалниот круг може да придонесе за вашата љубовна среќа во почетокот на неделата. Ќе имате можност да го дознаете она што ви треба во љубовта. Врзаните бикови како да се наоѓаат во сложена ситуација помеѓу она што го сакаат во љубовта и што им го дава актуелниот партнер. Откријте ги желбите.
Близнаци
Близнаците кои се наоѓаат во врска, ќе најдат нови инспирации во својата работа, но од тоа омилениот човек ќе се почувствува загрозен. Постои веројатност тој или таа да се обидат да ги контролираат финансиите, особено ако во оваа фаза вие добивате повисок надомест.
Сето ова е резултат на чувство на несигурност. Важно е да се комуницира и да не ја оставате ситуацијата без контрола.
Рак
Оваа недела ѝубовниот живот ќе се развива не на начинот на кој сте се надевале. Одредена ситуација помеѓу вас и партнерот може да се претвори во силно емотивен разговор кој ќе остави во вас чувство на несигурност.
И двајцата ќе откриете некои од грдите карактерни црти. Обидите за манипулација и наметнување контрола само ќе доведат до повеќе проблеми.
Лав
Добро е врзаните Лавови да не ветуваат на партнерот нешта кои не би можеле да ги исполнат. Ова може да стане причина за создавањето на бариера во односите. Партнерот ќе биде сведок на празните приказни кои не се обложени со активности. Многу е важно да ги оправдате очекувањата на саканиот/ата, ако сè уште држите до оваа врска.
Девица
Љубовниот живот на Девиците дефинитивно нема да биде здодевен. Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе се чувствуваат поддржани од љубениот. Но, внимавајте, секогаш може да бидете соочени со ситуација која ќе ја наруши хармонијата.
Без разлика дали сте во сериозна врска или неодамна сте започнале нови односи меѓу вас ќе се појави борба за власт.
Вага
Марс се наоѓа во вашиот партнерски сектор и ќе ви ја покаже својата поддршка. На таква ќе се радувате и од страна на љубениот, што се однесува до професионалните ваши амбиции. Но сето тоа, само ако работата не попречи на некој начин на домашниот комфор. Одвојте должно внимание на вашата сакана и радувајте се на хармонијата.
Скорпија
Длабок и смислен разговор со партнерот уште во почетокот на неделава може да ве натера да се чувствувате интелектуално и духовно поврзани. Ќе уживате во мудрост, ќе бидете инспирирани да ги споделите вашите мисли, чувства. Радувајте се на времето поминато заедно.
Стрелец
Несогласувањата меѓу вас и партнерот може да се предизвикаат од тема поврзана со финансии. Можеби ќе сакате да остварите некој ваш сон, но радоста брзо ќе биде нарушена. Со саканата/иот сте на две различни мислења. Додека не постигнете заеднички договор, нема да може да се реши ситуацијата.
Јарец
Претставниците на хороскопскиот знак Јарец можат да очекуваат повеќе страст во спалната соба . Ќе бидете подготвени да се ослободи целиот напон што го потиснувате во себе. Ако има ситуации кои треба да ги разјасните, направете го тоа. Во другото време подајте се на пријатни моменти со колегите и дајте слобода на желбите за сексот.
Водолија
Интересна недела претстои во љубовен план за врзаните Водолии. Веројатно вие и партнерот сте решиле да преминете кон нов, здрав режим на исхрана или можеби само едниот од вас.
Важно е секој да го следи она што е најдобро за него, но меѓусебно да се поддржувате. Така и двете страни ќе се чувствуваат задоволни. Одвојте време и за романтика.
Риби
Контроверзна ситуација со партнерот може да ве натера да побарате совет од пријател. За жал тој или таа може да има многу поинаков поглед на ситуацијата и тоа да ве изневери. Овој пријателски разговор може да се покаже не само бескорисен, но и да доведе до нарушување на пријателството.