Венера и Уран ќе доведат до турбуленции, но и изненадувања во секторот на љубовта. За среќа во четвртокот Марс и Јупитер ќе помогнат хармонијата брзо да се обнови. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Во оваа недела е добро да избегнувате секакви импулсивни реакции како во работата, така и во љубовта. Можно е да има промени на работното место и тоа на некој начин да повлијае на емоциите. Омилениот човек ќе биде првиот кој ќе се соочи со нив. Бидете трпеливи, излезете со пријателите и оддадете се на повеќе романтика .
Бик
За врзаните претставници на зодијачкиот знак може да се отворат нови финансиски можности, како заедничка инвестиција или вест дека еден од двајцата добил убав бонус, покачување на платата. Додека финансиите ви се подобруваат, врската тече нормално, без проблеми. Во вторникот се можни отстапувања во мислењата на некои прашања, но нема да биде фатално.
Близнаци
Можност за нови односи за Близнаците. Во вторникот Месечината ќе навлезе во вашиот седми дом на партнерството. Како резултат, ако се наоѓате во врска може да започнете нов проект со саканата/иот или да преземете поголема посветеност еден кон друг.
Четвртокот ви дава можност да се занесете во повеќе интимни бакнежи. Размислете за нешто што ќе ја освежи врската, ќе ја обнови.
Рак
Комуникацијата помеѓу вас и партнерот ќе се подобри драматично до петок. Ова се должи на Меркур, кој влегува во вашиот сектор на односите. До 19 декември ќе имате хармонија, кога зборувате, ќе умеете да се слушнете. Ако треба да се донесат какви било одлуки – направете го тоа. Потоа Меркур ќе биде ретрограден во вашиот дијаграм.
Лав
Љубовниот потенцијал за Лавовите е висок. Месечината во вторникот може да предизвика нов почеток меѓу вас и некој посебен човек. Одете на првиот состанок, отворете срце за љубов. Но, држете се настрана од љубовните односи со човекот со кого работите. Не ги мешајте љубовта со обврските.
Девица
Деви, оваа недела бидете внимателни со парите и љубовта. Може да сте во искушение да преземете финансиски ризик со саканата, можно е да забегате и коцкање. Подобро е да не се оддавате на експерименти во спалната соба, но не заборавајте да бидете отворени и да ги споделите вашите желби.
Вага
Хармонијата во семејниот живот може да биде нарушена. Некоја ситуација може да ја разниша внатрешната безбедност и за тоа да е виновен партнерот. Тој или таа може да ја сподели ненадејната спотреба од тоа да се извлечеш малку од рутината на домаќинството. Да не е време да си дадете повеќе простор?
Скорпија
Некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе бидат во искушение од тоа да се промени нешто во својот изглед и дефинитивно ќе станат сомнителни за партнерот. Размислете за случувањата меѓу вас по принцип. Како се чувствувате во врската, дали го имате она што е потребно.
Стрелец
Со новата Месечина во вторникот во вашиот знак ќе бидете подготвени за нов почеток во љубовта. Венера и Уран ќе бидат во подобра позиција во секторот на романтиката. Можно е да почувствувате силно привлекување кон некого. Иако оваа љубовна афера нема изгледи за нешто повеќе, ќе се чувствувате повеќе од добро.
Јарец
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе инвестираат повеќе време во тоа да го потхранувате емоционалниот допир. Ова може да е вечера само за двајцата, кратко патување на пусто место. Личниот живот ќе направи чуда за вашата врска. Во петокот Меркур ќе помогне за подобрување на комуникацијата меѓу вас.
Водолија
Промени во општествениот живот ќе настапат и за претставниците на Водолија, а тоа ќе ја подобри и врската со љубениот. Чувајте ги умот и срцето отворени, особено ако барате нова љубов. Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе можат да си дозволат некој проблем.
Риби
Во оваа недела е добро да ги држите пријателите настрана од љубовниот живот. Споделувајте помалку и не дозволувајте да влијаат на вашата врска со партнерот. Смирете се, некој околу вас може да се обидува да ја саботира вашата врска.
Можно е и да флертувате со некого, кого сте го гледале досега само како пријател и да се дојде до непријатна ситуација, ако тој или таа не го доживува истото привлекување кон вас.