Љубовен хороскоп од 3 до 9 април

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Планетата на љубовта – Венера, сè уште е ретроградна и оваа недела ќе застане пред Сатурн.
Ова ќе ја подложи на тест нашата љубов. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Оваа недела може да биде проблематична за љубовта. Ако се наоѓате во врска ќе има работи кои ќе ги премолчите и нема да ги споделите со партнерот. Тоа само ќе доведе до голема загриженост за вас. Иако оваа недела не е најсоодветна за важни разговори со партнерот, размислете потоа кога да ги расчистите разликите во ставовите.

Бик
Во однос на љубовта разочарани ќе се почувствуваат и Биковите, особено ако очекувате некаква поддршка од страна на партнерот. Можно е тој или таа да не ги поздрави вашите аспирации. Ова ќе ве збуни и ве натера да размислите дали да се откажете. Не брзајте со донесувањето на одлуки и не ги одложувајте разговорите со љубениот.

Близнаци
Близнаците ќе треба да бидат исклучително внимателни во однос на љубовта и пријателскиот круг. Можно е да се појави некој кој ќе се обиде да ја наруши хармонијата помеѓу вас и партнерот. Не станувајте жртва на манипулации. Случката може да ве натера да се повлечете од ова пријателство во името на љубовта.

Рак
Некакви службени недоразбирања можно е да го попреча патот на Раковите. Тие ќе побараат поддршка од партнерот, но дали ќе ја добијат? За жал тој или таа може да покажат дека не се согласуваат со вашата позиција. Исто така може да останете со чувството дека партнерот не помага во домашните обврски.

Лав
Врзаните Лавови може да останат сексуално незадоволни оваа недела. Веројатно вие и партнерот имате нерешени проблеми или премолчани желби. Наместо да се затворате во себе и да поставувате граници, пројавете повеќе храброст и разговарајте отворено. Нека вашиот/ата партнер/ка ги разбере чувствата и желбите, ако во некој момент сте биле повредени од него или неа.

Девица
Некаков проблем може да доведе до поткопување на односите со партнерот. Веројатно има неразрешени случаи кои сте ги одлагале до овој момент. Нема да може да продолжите и да се преправате дека сè е во ред. Првиот чекор што треба да го направите е желбата да ја промените ситуацијата, а потоа да вложите повеќе напори за да ја вратите хармонијата меѓу вас.

Вага
За врзаните претставници на зодијачкиот знак, односите со вашата сакана ќе личат повеќе на бокс ринг. Ќе има борба за власт меѓу вас. Ниту еден од двајцата не сака да се откаже од контролата на врската. Поради тоа, може да прибегнете до ултиматуми, манипулативни тактики. Но, сето тоа нема да доведе до благосостојба за вашата врска во долг рок.

Скорпија
Финансиските проблеми може да наштетат на вашиот љубовен живот. Можеби сте сакале да го изненадите партнерот со екстравагантен подарок, за да ја покажете вашата наклонетост. Потсетете го партнерот дека парите и љубовта се две различни теми и зачувајте ја почитта еден кон друг.

Стрелец
Ако сте обврзани, ќе имате чувство дека партнерот се обидува да ги користи сексот и парите како некој вид оружје. Во случај да има ситуација која ве тера да се чувствувате искористено или изманипулирано, не заборавајте да зборувате за себе, за своите чувства. Ако вие сте оние кои се обидувате да купите нечија љубов, размислете повторно. Тоа не е љубов, а контрола.

Јарец
Врзаните Јарци и нивните половини ќе сакаат да разговараат важни теми. Можеби има некоја длабока тајна меѓу вас и мислите дека ако ја откриете тоа ќе ја загрози стабилноста на вашата врска. Можно е да имате и стравови во врска со вашата заедничка иднина и чувствата на партнерот кон вас. Одложете ги важните разговори оваа недела, но не ја нарушувајте комуникацијата меѓу вас.

Водолија
Од оваа недела Меркур ќе зазема ретроградна позиција во вашиот сектор на љубовта и така ќе се задржи до 3 мај. Како резултат на тоа, за вас и партнерот постои веројатност да дојдете до неколку несогласувања. Без разлика дали проблемот е лесен или тежок за решавање, ќе ви биде тешко да постигнете согласност.

Моментот не е соодветен за потфати поврзани со недвижен имот, потпишување на договори. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, можеби ќе поразговарате варијанти за нешто посериозно, како заеднички живот.

Риби
Сега, кога Венера е ретроградна во знакот Риби, време е да излезете од оваа состојба и да го земете сериозно во рацете љубовниот живот. Запрете со соништата и погледнете ги реално сите проблеми.
Ако продолжите така, врската може да се распадне. За среќа ќе бидете во можност да се справите со ситуацијата.