Последните денови на јануари и првите на новиот месец, ќе бидат интересни за љубовта. Повеќе романтика, нови можности и повеќе разбирање ги очекуваат хороскопските знаци. Венера ќе има заслуга за сето тоа. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Подгответе се за возбудлива недела во однос на љубовта. Марс се движи низ вашиот знак, и тоа ќе ве наполни со повеќе сила, храброст да стигнете до саканата. Во исто време Венера исто така влегува во петокот во знакот на Овен, кој ќе донесе и повеќе романтика. Флертови, закачки … Се очекува интересен период. Оние од вас кои се врзани знаат каде им е срцето.
Бик
Во оваа недела ќе се чувствувате како вашата врска да има потреба од повеќе енергија. Погрижете се почесто да останувате насамо со партнерот, да разговарате. Ако сте неврзани, но има некој кој ви привлекол внимание, може да се најдете како жртва на невозвратена љубов. Дали е време да се погледне на друга страна?
Близнаци
Ќе биде одлична недела за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Ќе се забавувате со пријателите. Можно е вашиот партнер да ви ја покаже поддршката во некаков потфат. Ако сте неврзани, замолете ваш пријател да ве запознае со некого, кој исто така е неврзан. Нема да бидете разочарани. 
Рак
Претстои убава недела за Раковите во која ќе можат да разговараат со партнерот за својата професионална иднина. Кои се вашите цели? Партнерот ќе ве поддржува повеќе од било кога. Тој или таа дури може да одигра важна улога врз промената во кариерата. Среќници сте, ценети Ракови!
Лав
По петок Венера влегува во вашиот 9-ти дом на авантурите и патувањата. Ако се наоѓате во врска, планирате патување со саканиот. Во случај да сте необврзани, обрнете внимание на човекот кого ќе сретнете и кој може да биде странец.
Девица
Финансиските планови на врзаните Девици ќе почнат да се подобруваат по петокот, кога Венера влегува во вашиот 8-ми дом на споделените ресурси. Размислувајте го добро секој потег, ќе имате можност за инвестиција која ќе биде од корист и за двајцата. Исто така има варијанта еден од вас да добие покачување во работата. Иако мислите за финансии, не заборавајте да одделете малку повеќе време и на романтиката.
Вага
Љубовната врска ќе почне или ќе се развива токму на начинот на кој ви се сака. Во петокот Венера ќе се движи во вашиот сектор на партнерствата, каде што ќе се одржи за долго време. Како резултат на тоа, засега вие и вашата партнерка ќе уживате во хармонија и поддршка во односите.
Ќе ви биде полесно да ја покажете својата благодарност еден кон друг. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, може да одлучите да започнете да живеете заедно, дури и да има предлог за брак.
Скорпија
Неврзаните Скорпиии е сосема можно да започнат канцелариска романса. За сето ова “вина” ќе има, се разбира Венера, која ќе влијае на вашиот знак. Бидете отворени за наоѓање на нова љубов. Може да ја сретнете на места на кои не очекувате.
Стрелец
Стрелата на Купидон е подготвена да ве погоди! На крајот на оваа недела очекувајте многу романтика. Венера ќе се движи во вашиот 5-ти дом на љубовта и задоволството. Ако сте необврзани имате големи шанси да се запознаете со интересна личност. Очекувајте повеќе страст во љубовниот живот. Искористете додека Венера е во поволна позиција.
Јарец
Оние од вас кои размислуваат за посериозен чекор со вашата сакана, можат да ги преземат овие чекори по четврток. Комуникацијата со партнерот ќе оди многу полесно. Оние од вас кои немаат некој близок до себе, но скоро се сретнале некоја интересна личност, исто така ќе се радуваат на позитивен развој. Дали е време да го замислите него или неа пред семејството?
Водолија
Овој петок Венера ќе се движи во вашиот сектор на пораките. Како резултат на тоа, комуникацијата и донесувањето на важни одлуки заедно со партнерот ќе биде полесна и пријатна. Ќе откриете љубовен живот.
Риби
Вашите финансии се на пат да се подобрат и тоа ќе влијае позитивно на односите со партнерот. По петок ќе дојдат добри вести. Можно е да ви паднат на ум идеи за бизнис. Запомнете дека една врска не се гради само врз финансиите. Обрнете внимание со вашата сакана.