Втората недела од август нема да биде особено соларна во секторот на љубовта. Повеќе видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Некои од претставниците на зодијачкиот знак кои искусуваат канцелариска романтика , треба да знаат дека тоа може да се претвори во катастрофа. Затоа е добро вие да го кормиларите секој флерт.
Од друга страна треба да внимавате за точноста на спротивната страна спрема вас. Тој или таа може да се обиде да скрие важни информации од вас или некој претпоставен да дознае за вашата афера. Размислете дали ризикот вреди.
Бик
Кога станува збор за љубовта, оваа недела ќе сакате да ги затворате очите, за да не ја гледате болната реалност. Финансиски проблеми можат да ја нарушат хармонијата помеѓу вас и партнерот. Од друга страна, ако во текот на овие денови планирате да се сретнете со некој посебен за вас човек, не се откажувајте, бидејќи ви претстојат убави моменти.
Близнаци
Ѕвездите ви даваат добри можности за романса. Ако се наоѓате во сериозна врска, вие и вашиот партнер може да се почувствувате натоварени од обврските околу врската, како и оние на службен план и тоа да влијае врз ставовите еден кон друг. Бидете трпеливи и не дозволувајте негативните емоции да ја нарушат романтиката.
Рак
Ако имате партнер до себе, ѕвездите покажуваат дека оваа недела ќе биде повеќе од сомнителни во врска со саканиот. Има нешто што ве тера да се чувствувате нервозни. Иако партнерот се однесува многу добро со вас, може да има некаква тајна, за која вие се сомневате. Сега не е моментот да премолчувате. Ако сакате да разговарате – направете го тоа, но почитувајте го добриот тон.
Лав
Сомнежи во врската ќе има и за врзаните претставници на знак Лав и тие ќе се поврзани со финансии. Можно е омилениот човек да дејствува неодговорно со заедничките средства или да премолчува нешто поврзано со нив. Одржувајте добра комуникација, за да ги пратите работите. Не затворајте очите пред очигледното!
Девица
За разлика од минатата, оваа недела односите со саканиот човек нема да се толку розови. Ќе има прашања за решавање и ситуации кои е подобро да не ги занемарите. Одминувањето на недостатоците може да се претвори во сериозен проблем помеѓу вас и партнерот. Не дозволувајте тоа да се случи.
Вага
Некои од вас копнеат по омилен, со кого поради некоја причина не можат да бидат заедно. Невозвратената љубов боли! Ќе се обидете да ги споделите вашите чувства на некого кој дефинитивно ќе ве отфрли. Можно е и да се наоѓате во тајна врска, која не ви носи позитивни емоции. Размислете добро дали го заслужувате тоа.
Скорпија
Почитувани Скорпиони, во втората недела на август не е добро да се меша љубовниот живот со социјалниот. Иако ќе ви се сака да поминете време заедно со вашите пријатели и партнерот, најдобро е да ги дистанцирате средбите и да посветите повеќе време на љубовта. Ќе се радувате за ова ваше решение.
Стрелец
Ќе имате потреба од поддршката на саканата. Можно е таа или тој да не успее да ви помогне, бидејќи минува низ тежок период, веројатно поврзан со финансии. Тоа нема да нè разочара и ќе откриеме многу нешта во врската. Размислете добро за работите и не избрзувајте со одлуките.
Јарец
Обидете се да немате нереални очекувања од партнерот. Може да сте се разминале во некои идеи или очекувања еден кон друг. Одлучувајте за проблемите со потребната зрелост и ако грешката е во вас е подобро да си признаете и да најдете излез од ситуацијата. Партнерот го очекува тоа од вас.
Водолија
Што се однесува до финансиите, бидете искрени со партнерот, особено ако тој или таа ви се главен извор на приход. Можно е да сте потрошиле повеќе отколку што беше потребно и саканиот човек да види во ова неодговорен однос кон парите. Разговарајте за проблемот.
Риби
Облачна ќе биде љубовната клима и за рибите. Можно е со партнерот да се задевате еден со друг. Зачувувањето на мирот секогаш е решение, особено кога ќе почнете да доживувате непријателство еден кон друг. Решете го проблемот навреме, за да не се покаже романтичната бајка завршена.