Втората недела на мај ќе се покаже силна на љубовен план, но и покрај тоа е добро да внимаваме во своите постапки кон љубениот. Сега ѕвездите ни даваат можност да се вратиме на длабоко емоционално ниво.
Кога станува збор за секс, некои претставници на зодијакот може да останат разочарани. Што уште вe очекува видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Оваа недела ќе ви обезбеди повеќе можност за интимност со партнерот. Сега имате потенцијал да постигнете врска која ќе ви е доволна на физичко и емоционално ниво. Следете ги настаните и срцето, за да се случи сето ова. Ако е потребно направете мали промени.
Бик
Ова е ваша недела за развој на партнерствата во секторот на љубовта. Полната месечина ќе ви помогне на вас и партнерот да ја зајакнете врската меѓу вас. Може да сфатите дека во многу односи вие двајцата сте сила, која се гради на многу љубов, добра комуникација и взаемни компромиси.
Близнаци
Активностите оваа недела може да изгледаат збунувачки за шефовите, но за среќа, омилениот човек ќе ги разбере. Позициите на Марс и Нептун можат да доведат до разочарување во однос на кариерата, еве зошто е добро да ги побарате поддршката и советите на вашиот партнер.
Марс ќе биде во добра позиција кон Јупитер, која е планета на просперитетот и која сега е во вашиот романтичен сектор. Следете го партнерот и нема да жалите.
Рак
Тоа е седмицата за романтика! Во средата полната месечина ќе падне во вашиот сектор на љубовта. Ако неодамна сте се запознале со некој посебен или сте обврзани, може да сфатите дека сте заљубени еден во друг.
Имате потенцијал да ги развиете односите на подлабоко емоционално ниво. Оние од вас кои се неврзани конечно ќе го отворат своето срце за нова љубов.
Лав
Не така глатко ќе оди љубовниот живот за вас, Лавови. Настаните кои не се нужно негативни можат да предизвикаат проблеми помеѓу вас и партнерот и да направи некои од двајцата поранлив.
Обидете се да комуницирате задржувајќи го добриот тон. Во петокот негативните емоции ќе се смират и може да уживате во повеќе романтика.
Девица
Меркур ќе донесе повеќе динамика оваа недела во љубовниот живот. Ќе ви биде многу полесно да разговарате со партнерот и да ги споделите вашите мисли, чувства и желби. Сега имате добри можности да ја средите вашата врска. Започнете да зборувате, но не заборавајте и да слушате.
Вага
Ако се чувствувате несигурни за финансиите, можностите за работа, тоа ќе биде совршено време за да разговарате со партнерот за одлуките што треба да ги донесете. Тој или таа ќе ви помогне со совет, а можеби ќе ве натера и да се чувствувате позначајни. Не заборавајте да се одделите од проблемите и да се препуштите на повеќе интимност.
Скорпија
Полната месечина ќе ве остави емотивно отворени и видливи за спротивниот пол. Додека обично оставате нешто скриено за себе, сега ќе сакате да откриете повеќе ваши страни. Ова може да ви помогне во љубовниот живот. На некои од вас ќе им биде примамливо да потрошат повеќе од вкупните заштеди. Бидете разумни!
Стрелец
Марс во моментов се движи низ вашиот партнерски сектор, ви овозможува на вас и партнерот да достигнете нови височини во вашата врска. Оваа недела сепак енергијата на Марс е малку тешка за управување.
Како резултат на тоа може да се чувствувате разочарани од партнерот на некој збор. За среќа сè ќе се среди во петокот, благодарение на позицијата на Марс спрема Јупитер.
Јарец
Ако во врската ви се случиле интимни проблеми, тогаш најверојатно ќе ја побарате поддршката на близок ваш пријател. Ќе треба да пројавите повеќе трпение за да ги испеглате недоразбирањата со партнерот. Ако сте необврзани посета на клуб, семинар или некакво друг социјален настан може да отвори пред вас нови можности да најдете љубовта.
Водолија
Марс се движи низ вашиот сектор на романтиката, додавајќи многу топлина во љубовниот живот. Оваа недела, сепак таа изгледа малку истурено, така што ќе треба да знаете како да управувате правилно со оваа енергија.
Можно е да изгубите реална проценка по прашањето. Не заборавајте на она што гради вистинска љубов. Заедно со партнерот ќе имате можност да уживате во една феноменална духовна врска.
Риби
Можете да ги финализирате плановите за патување со љубениот. Сега сте во период во кој ќе се барате емоционално и духовно со партнерот. Пазете се од непотребни трошоци. Уживајте во интимните моменти заедно.