Љубовен кинески хороскоп: Што ве чека во годината на стаорецот?

од Elena Daskalova
496 прегледи

Стаорецот е првиот знак во кинеската астрологија, а оваа година е токму негова. Дознајте што ве чека на љубовно поле според кинескиот хороскоп.

Стаорец (родени 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996…)

Во минатото страдавте од осаменост и недостаток на разбирање, но оваа година вашиот љубовен живот нагло ќе се подобри. Ќе доживеете чиста и цврста љубов, а односите со партнерот ќе бидат пдообри од што сте моеле да замислите. Најдобро се согласувате со зајак, петел и свиња.

Вол (родени 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997…)

Кај вас се појавува силна желба да ја засилите поврзаноста со партнерот, па дури и да започнете семејство. Околностите ви го дозволуваат тоа. Ако не сте во врска, подгответе се за средба која може да прерасне во вистинска љубов. Најдобро се согласувате со змија, стаорец и петел.

Тигар (родени 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1988…)

Во врската чувствувате среќа, задоволство, страст и интелектуална компатибилност. Ако сте сами, ве очекува значајна средба која ќе промени многу нешта во вашиот живот. Чувствувате потреба за создавање сопствено љубовно гнездо. Чувајте се од љубомора. Најдобро се согласувате со куче и коњ.

Зајак (родени 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999…)

Постои шанса вашиот љубовен живот да се развие во емоционален огномет. Чувствувате голема страст, привлечни сте, заводливи, а добро би било да се потрудите тоа да го насочите кон нови личности, а не кон враќање на оние од минатото. Задоволни сте, но треба да бидете реални. Добро се согласувате со свиња и змија.

Змеј (родени 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000…)

Пред вас е период кој ветува одлично расположение на љубовно поле. Слободните змејови ќе флертуваат, но нема да бидат спремни за сериозна врска. Но, тоа воопшто нема да му пречи на никого. Оние кои се во врска, нема да имаат никакви проблеми со партнерот. Во љубовта се согласуваат со овца, змија и мајмун.

Змија (родени 1929, 1941, 1953, 1965, 1077, 1989, 2001…)

За оние кои се во врска, ќе сакаат да излезат од монотонијата на секојдневнието, измислувајќи најразлични заеднички активности. Оние кои се сингл, подгответе се да се вљубите во личност која ќе ја запознаете некаде каде најмалку сте очекувале. Генерално, ве чека доста романтична година. Се согласувате со змеј, петел и вол.

Коњ (родени 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002…)

Ако сте во врска или брак, не се загрижувајте, живеете во склад и хармонија. Ако имате проблеми во врската, најдобро е веднаш да ги решите. Слободните коњи не се заинтересирани за кратки авантури, туку за сериозна врска. Најдобро се согласувате со тигар, овца и змија.

Коза (родени 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003…)

Најголем љубовен проблем ви се рутините и навиките, поради кои можеби уште сте во врска за која сте свесни дека не ве прави среќни. Време е за некаква промена, а од вас зависи каква. Не се впуштајте во врски само затоа што сте сингл и осамени. Најдобро се согласувате со коњ, зајак и свиња.

Мајмун (родени 1931, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004…)

Не очекувајте преголеми пресврти во следниот период. Ако имате стабилна врска, така и ќе остане, ако сте сингл, мала е веројатноста дека ќе посакате да го смените тој статус. Уживате во секојдневнието и неговиот комфор. Во љубовта најдобро се согласувате со знаците вол, зајак и коњ.

Петел (родени 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005…)

Сакате да создатете мирна и пријатна атмосфера во врската, но живеете во постојан страв од монотонија. Ако сте слободни, голема е веројатноста да се најдете во страствена љубов. Друштвениот живот ви е доста динамичен. Најдобро се согласувате со вол и змија.

Куче (родени 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006…)

Во вашиот романтичен живот нема да се случат големи промени. Среќни сте, автентични и исполнети и не чувствувате никаква потреба тоа да го промените. Можно е да запознаете некого поради кого срцето забрзано ќе ви чука, но нема да се впуштате во непромислени врски. Се согласувате со зајак, стаорец и вол.

Свиња (родени 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007…)

Сакате да внесете поголема динамика во љубовниот живот. Ќе ѝ покажете на саканата личност колку ви значи, а таа позитивно ќе го прифати овој ваш потег. Ако сте слободни, ве очекува судбоносна средба со личност која ве привлекува на секој можен начин. Најдобро се согласувате со тигар, зајак и петел.

Слични содржини