Љубовните врски и браковите СЕ РАСПАЃААТ ТОКМУ НА ОВОЈ ДАТУМ, еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Ова се статистики на Фејсбук, каде се наведува прекинувањето на бракот или врската – и се покажа дека 11 декември е денот во годината кога се случуваат најмногу раскинувања.

Бидејќи ова не е репрезентативно истражување, нема точни изјави за причините за раскинувањето. Сепак, постојат индикации зошто паровите се разделуваат за време на претпразничниот период. Тоа се првенствено врски кои се нестабилни подолго време.

Многу луѓе сакаат да ја започнат убавата сезона на празници независно и без грижи. Доколку се во врска во која се всушност несреќни, тие сакаат да се ослободат од тој „товар“.

Поддршката на семејството за време на претпразничниот период наведува многумина да започнат да размислуваат колку би било убаво повторно да се биде соло, па затоа тие одлучуваат да раскинат – многу почесто отколку среде летото.

Статистички гледано, за време на празниците, сè повторно се подобрува, односно се создаваат и многу нови врски во тоа време.

Слични содржини