Луд кош на Дончиќ во последната секунда за победа на Далас (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Лука Дончиќ беше оспоруван кога пристигна во НБА лигата, но сега никој не смее да му каже збор!

Словенецот е еден од најдобрите играчи во лигата, кандидат за МВП, а вчеравечер постигна неверојатен кош за победа во последната секунда против Мемфис за 114:113.

Гризлис водеше со два разлика на 1,8 секунди до крајот, а „само“ требаше да го одбрани последниот напад на Далас. Аут во нивната половина е секогаш опасност, но тие добро се организираа како тим и се обидоа да не дозволат Дончиќ да стигне до топката …

Словенецот мораше да се врати за неа, тој ја прими речиси свртен кон кошот, а кога двајцата играчи на Мемфис му пријдоа – успеа да се „лизне“ под нив и да фрли „флоутер“ за три поени!

Немаше веднаш славје со Дончиќ, тој се прашуваше дали ја фрлил топката навреме, па дали згазнал на линијата за три поени, но сè беше регуларно.

Тоа беше негов 29. поен на натпреварот, а имаше уште пет скока и девет асистенции.

Слични содржини