191
Дефанзивецот на Ајакс, Матис де Лигт, може да го промени клубот во текот на летото. Според весникот „Mundo Deportivo“, за него има вистински интерес од еден куп европски гиганти.
Се работи за Арсенал, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Барселона, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Секој од овие клубови сака да го привлече 18-годишниот Холанѓанец, а веќе се одржале и разговори со раководството на тимот од Амстердам.
Во тековната сезона, Де Лигт забележа 29 натпревари на сите турнири, постигна 2 гола и направи 2 асистенции. Неговиот сегашен договор е до летото 2021 година.