Манчестер Јунајтед има поставено доста амбициозна задача да ја привлече во своите редови во текот на летото суперѕвездата на ПСЖ Нејмар, кој премина во француската престолнина пред неколку месеци за 222 милиони евра, тврди „Дејли Стар“.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја искористат ситуацијата со Бразилецот, кој не е особено задоволен во Париз, и се зборува дека тимот е подготвен да ги искористи Пол Погба и Антони Марсиал и да доплати уште 50 милиони фунти за Бразилецот.
Допрва треба да се види што мислат ПСЖ за слична зделка, но не е исклучено таква да биде остварена, бидејќи веќе подолго време е јасно дека парискиот клуб сака да го привлече Погба.
Самиот Нејмар не е задоволен од слабото ниво на француското првенство, од лошите терени, како и од премногу грубата игра против него, и веќе го признал тоа пред своите блиски, дека не сака да остане во тимот за следната сезона.