Лудило: Бугарски фудбалер знаел дека има корона, играл натпревар и заразил 20 играчи!

од Aleksandar Petrovski
124 прегледи

Необичен случај на неодговорност на еден фудбалер доаѓа од Бугарија, поточно од екипата Царско Село, чиј штопер, Мартон Кавдански (33), играл иако знаел дека е позитивен на коронавирус.

Искусниот фудбалер на бугарскиот тим не се грижел дека тестовите покажале дека тој е позитивен, туку излегол на теренот во дуелот со екипата на Черно Море од Варна!
Последица на сè е што дури 16 играчи на гостинскиот тим, кои победија со 4:1, сега се позитивни на коронавирусот, а присуството на вирусот било утврдено и кај четворица соиграчи на Кавдански.

Целиот тим на Черно Море е во карантин, како и играчите на Царско Село кои се заразени, а последица е што стадионите ќе бидат затворени за сите. Инфициран е и сопственикот на Царско Село, Стојне Манолов.

„Јас дури и не знам што се случи. Мене ми е сомнително … Најчудното е што немам никакви симптоми, се чувствувам добро и затоа решив да го играм мечот“, рече Кавдански.

Черно Море е на седмото место и тоа му дава шанса да се бори за позицијата што води во квалификациите за Лига Европа со некои клубови од следната група – ЦСКА Софија, Левски и Славија.

Тешко е да се каже како ќе играат сега, кога се десеткувани од ковид, а многумина во Бугарија бараат Кавдански да биде казнет за неодговорни постапки.

 

https://www.instagram.com/p/Bzm9vSHpCTL/?utm_source=ig_embed

Слични содржини