381
Дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ се уште со нетрпение се чека во Париз.
Главната причина што Меси имаше подолг одмор е неговиот настап на Копа Америка, како и фактот дека не ги помина подготовките. Затоа Маурисио Покетино не сакаше да брза со неговиот прв настап, пренесуваат француските медиуми.
Според нив, за очекување е Аргентинецот да ги одигра во првите минути во дресот на францускиот клуб следниот викенд, в недела кога ПСЖ гостува кај Ремс.
Инаку, Хакими и Георгинио Вајналдум веќе дебитираа за новиот клуб, а Џиџи Донарума и Серхио Рамос се уште се без настап, откако пристигнаа во Париз.