Во неверојатен натпревар од последното 38. коло на Премиер лигата, по големиот пресврт, фудбалерите на Манчестер Сити ја совладаа Астон Вила на „Етихад“ со 3:2 и со тоа ја одбранија титулата.
Граѓаните губеа со 2-0 по 69. минута, но тимот на Пеп Гвардиола направи пресврт за само пет минути со головите на резервистот Илкај Гундоган (два) и Родри за осмиот шампионски трофеј на Англија, шести во ерата на Премиер лигата.
Ливерпул исто така по пресврт го совлада и Вулверхемптон со 3:1 на „Енфилд“, но сепак остана со бод заостанување зад „Граѓаните“.
Покрај споменатите два тима, Во Лигата на шампионите се пласираа Челзи и Тотенхем, Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе одат во Лигата на Европа, Вест Хем во Конференциската лига, додека на Норвич и Вотфорд во Чемпионшип ќе им се придружат играчите на Барнли.