Кој ќе биде шампион на Англија ќе се знае во недела кога на програмата е последното коло во Премиер лигата. Лидерот Манчестер Сити ја пречекува Астон Вила, додека првиот придружник на Ливерпул ќе му гостува на Вулверхемптон.
Сити има бод повеќе и шест голови подобра гол разлика, што веројатно нема да има ефект. Победата на „граѓаните“ ја гарантира седмата шампионска титула, а мечот на „Етихад“ има многу интересна предигра.
За што всушност се работи? Џек Грилиш минатото лето го засили Сити, а во Манчестер пристигна од клубот од Бирмингем.
Англиските медиуми наведуваат дека клаузулата за бонусот од 15 милиони фунти е вклучена во трансферот доколку Сити ја освои Премиер лигата со Грилиш. Интересно е што Астон Вила ќе има шанса да „овозможи“ голема добивка на директен начин доколку го загуби неделниот меч, што резултатски ништо не и значи.
На социјалните мрежи има бројни коментари на оваа тема, но знаејќи го менталитетот на англиските фудбалери и тренери, тешко дека тимот на Пеп Гвардиола ќе има попуст и покрај мамката и „уловот“ вреден 15 милиони фунти. Особено што на другата клупа ќе седи легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.
Да потсетиме, трансферот на Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити беше „тежок“ 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра), а во договорот имаше и бројни клаузули.