Денес имаме нова геополитичка ситуација и мислам дека сите сме свесни дека Западен Балкан треба да биде во ЕУ. Се разбира, Западен Балкан треба да биде подготвен, без сомнение, но постапката треба да биде непречена со оглед на геополитичката ситуација, вели во интервју за МИА чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва.
Тој нагласи дека Чешка е силен поддржувач на Западен Балкан и особено на Северна Македонија и оти за време на чешкото претседавање со ЕУ, регионот и земјава се ставени високо на нивната листа на приоритети.
Во однос на францускиот предлог, со којшто се тргна блокадата на Софија, Лудва вели дека француските колеги направиле се за да се постигне компромис, истакнувајќи меѓутоа, дека ништо не е совршено по ова прашање, но, вели, тоа е најдобриот предлог на маса и со тоа продолживме понатаму.
За него, доколку се оди без проблеми, 2030 година е остварлива цел за членство на земјава во ЕУ, со оглед на новата геополитичка состојба.