Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред кон ЕУ

од Берта Китинска
143 прегледи

Реформите се во основата на овој процес и ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ, кажа чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека земјава има суштинска потреба да продолжи со реформите. Вели дека тука има два важни елемента, еден од нив се реформите, а другиот е конструктивен политички дијалог и тоа е она што е суштинско и сите треба да бидат свесни за важноста на европскиот пат тоа е долг пат и сите треба да соработуваат меѓусебе.

-Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот европски пат и среќни сме што за време на нашето претседателство земјата ги почна преговорите со ЕУ, што е долг и тежок процес, кажа тој.

Во однос на тоа колку е оптимистична агендата на власта во 2030 година Северна Македонија да стане членка на ЕУ, вели дека никој не може ништо да гарантира, но се е возможно.

Слични содржини