240
Германската авиокомпанија Луфтханза објави денеска дека на швајцарската фирма „Гејтгруп“ му го продава својот европски бизнис за кетеринг и уште две други подружници на „ЛСГ Групацијата“ за угостителство и услуги, без да се открие висината на договорот за продажба.
Договорот се однесува на угостителската фирма „ЛСГ Европа“, добавувачот на храна за пакувања „Еверстат“ и операторот за малопродажба „Рингелтауб“, се вели во соопштението на Луфтханза.
Тие тројца членки на Групацијата ЛСГ имаат 7.100 вработени, и остварија приходи од приближно 1,1 милијарди евра минатата година.
Луфтханза додаде дека продажбата нема да има големо влијание врз нејзиниот профит оваа или следната година.