Позицијата на Светската здравствена организација (СЗО) е дека во овој момент, ковид-пасошот не треба да се воведува, вели директорот на канцеларијата на СЗО во Србија, Маријан Ивануша, потенцирајќи дека тоа ќе доведе до големи нееднаквости.
Ивануша вели дека вакцината не е доволна на глобално ниво и дека воведувањето пасош, кој има за цел слободно да патувате во рамките на Европската унија и покрај пандемијата на коронавирус, ќе ги збуни приоритетните групи за вакцинација и дека луѓето „ќе трчаат по вакцината“.
Тој ги коментираше најавите од ЕУ дека може да бидат достапни дигитални сертификати за вакцинација пред летото, што ќе им овозможи на луѓето слободно да патуваат во Европа, без оглед на пандемијата на коронавирус.
„Луѓето би трчале за вакцината поради пасошите, а можеби и не им е потребна вакцината толку итно како што им треба на постарите или на болните“, им рече Ивануша на новинарите по состанокот со градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ.