Луѓето имале постојани живеалишта и пред 15000 години

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Истражувањето базирано на присуството на сиви глувци во првите домови на нашите предци, докажаа дека луѓето почнале  да живеат во постојани живеалишта пред околу 15 000 години, што е доста порано отколку што претходно се мислеше.

Според истражувањата на американските научници, кога луѓето почнале да се населуваат  во постојани живеалишта наместо да живеат како номади, бројот на домашните глувци се зголемил во однос на полските глувци. Тоа докажува дека пред помалку од 15 000 години, луѓето веќе живееле на едно место доволно долго за тоа да покаже влијание врз локалната фауна. Во случајов станува збор за зголемување на бројот на домашните глувци во однос на оној на полските, прецизира авторот на студијата проф. Фиона Маршал од Универзитетот “Вашингтон” во Сент Луис, Мисури. Со сместувањето во постојани живеалишта, луѓето обезбедиле храна и на некои локални видови од фауната, како глувците. Најлесен пристап до храната поставил почетокот за живот во комуна, при што индивидуите од еден вид наоѓаат засолниште и храна на друг вид.

Тоа е првата фаза на одомаќинување на животински видови кои почнуваат да учат како да ја искористат близината на луѓето. Пример за тоа е кучето, како и со почетокот на земјоделството – мачката. Таа ги чува резервите од жито, и се храни со стаорци и глувци, кои пак се хранат со жито. /АФП