Луѓето ја менуваат етничка припадност , да се најде решение против злоупотребите на балансерот, вели Ковачевски

од Берта Китинска
110 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски посочи на злоупотребите коишто се прават врз основа на законот за правична застапеност, познат како „балансер“, за што вели дека треба да се најде соодветно решение. Ковачевски потсети дека законот е во примена од 2015 година и оти истиот не е владина одлука туку произлегува од Охридскиот рамковен договор.

„Треба да се најде решение за да нема злоупотреба кај Балансерот. Сите сме сведоци дека често пати се случува луѓето и по неколку пати да ја менуваат својата етничка припадност при конкурирање, дури и на ист конкурс, со цел да влезат на одредено работно место“, рече Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 Степени“.