Луѓето кои не се познаваат помислуваат на овие две работи- кога прв пат не гледаат, на првата средба!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Од првиот впечаток зависи дали некој ќе не прифати или не, а луѓето не оценуваат по овие две главни особини. Понекогаш можеме да оставиме погрешен впечаток па внимавајте.

Психологот од Универзитетот Харвард во САД, Amy Cuddy,вели дека луѓето нас не оценуваат на основ на две најважни особини-дали некој е топол или не и дали е способен .

– На основа на тоа судиме дали некому ќе му веруваме или не, па дали ќе го почитуваме. Некои преферираат компетенција над топлина кај човекот, но повеќе ја посакуваме комбинацијата од овие две особини.Компетенцијата може да се цени дури кога е воспоставена довербата-објаснува стручњакот.

– Ако се обидувате да влијаете на некој, а тој не ви верува, нема далеку да дотуркате. Всушност, би можеле да предизвикате сомнеж бидејќи ќе делувате манипулативно. Топол и доверлив човек кој покрај тоа предизвикува восхит, ќе стане подарок, а не закана, но дури откако се воспоставила довербата-додава Amy Cuddy.

Тоа е, напоменува таа, нешто што треба да го имате на ум во разговорите за работа и средбите со нови луѓе воопшто. Не сакате да оставите впечаток на некој кој е неспособен или непристапен. Треба да зборувате слободно и отворено, и тоа е она што ја отвора вратата на сјајната иднина. Тоа ќе ве однесе многу подалеку отколку кога сте срамежливи.-Луѓето секогаш не проценуваат, а понекогаш тоа може да биде и погрешно, ако се претставуваме како нешто што не сме. Затоа- обрнете внимание како се претставувате, нагласуваCuddy./СВ