Инфлуенсерите и инфлуенсерките на Инстаграм најдоа начин за собирање лајкови и на коронавирусот.
Хаштагот коронавирус е моментално тренд на сите социјални мрежи, па и на инстаграм, а доколку го пребарате ќе забележите дека има преку 200.000 информации.
Бројни инфлуенсери се фотографираа со зашитни маски, а попатно се фалат со совршено извајаните тела или луксузниот лајфстајл.
Еден таков пример е и познатиот јутјубер, Логан Пол, кој објави експлицитна фотографија на Инстаграм.
Покрај него, многу модели, манекенки и инфлуенсери го искористија овој момент за да заработат, па така фотографиите се многубројни, а некои дури и навредливи. Но, тоа не значи дека сите ги слават и фалат.
„Многу сте глупави барајќи внимание на ваков начин“, „Тоа е нешто со што не треба да се шегувате“, „Не можам да поверувам со што привлекуваш внимание“, се само дел од коментарите.