Луѓето родени во овие два хороскопски знаци важат за најдобри љубовници

од Берта Китинска

Тие се најдобрите и највештите љубовници на хороскопот, а кој и да се најде очи в очи со нив знае дека тешко e да им се одолее.

Станува збор за Овен и Скорпија.

Овен

Овенот едноставно пука од енергијата и страста што ги носи во себе. Овните се интересни партнери кои се подготвени за предизвици. Нивните сексуални апетити не се лесни за следење, а сакаат да водат љубов на различни места.

Овните имаат многу важен интимен живот, па постојано бараат партнер кој би им одговарал на ова поле. Тој покажува животна енергија во спалната соба, сака нови работи и не се плаши да експериментира.

Овенот е страстен љубовник, но безбедноста му е подеднакво важна. Треба да бидете внимателни и да не си играте со еден Овен, не правете го љубоморен бидејќи лесно може да ве остави.

Шкорпија

Се вели дека Шкорпијата е најстрасниот знак во хороскопот. Шкорпиите се љубовници без конкуренција. Имаат вроден сексуален инстинкт и се возбудени од се ново.

Без многу труд го освојуваат партнерот кој го посакуваат и покрај угледот на ненаситни љубовници, тие всушност бараат вистинска љубов. Иако никогаш нема да признаат, сакаат да го поминат животот со сродна душа, а додека не ја најдат ќе се забавуваат повеќе од сите хороскопски знаци заедно.

Шкорпиите бараат од партнерот целосно да се предаде, а тие се познати по својата љубомора, па не ни помислувајте да флертувате со некој друг. Ако „паднете“ на Шкорпија, ќе уживате во сексот како никогаш досега, а ако се осмелите да ја заведете, запомнете дека сака провокативна облека.

Слични содржини